Иконому: Не се загрижувачки последиците од војната врз грчкиот туризам

Од:

Атина, 3 март 2022 (МИА) – Првичната проценка е дека не се загрижувачки последиците од војната врз грчкиот туризам, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа какво влијание ќе има ситуацијата во Украина, со оглед на тоа дека Грција ја посетуваат голем број руски туристи.

Иконому објасни дека е направена прва проценка од надлежното Министерство, дека секако желбата на сите е да немаше војна, а со тоа и загубите за Грција да бидат еднакви на нула.

– Проценката што постои во моментов е дека генерално, за нашиот туристички производ, се чини дека нема некои посебни проблеми или особено големи загуби. Очигледно е дека би сакале да имаме нула загуби, истакна Иконому.

Би можело да ве интересира

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он