Иконому: Мицотакис во САД ја истакна Грција како земја со самодоверба, стабилност и безбедност

Од:

Премиерот испрати јасна порака дека Грција е во позиција одлучувачки да придонесе во справувањето со најголемите проблеми со кои се соочува нашата планета денес и ја истакна Грција како земја со самодоверба, стабилност и безбедност, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот брифинг со новинарите, коментирајќи ја дводневната посета на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на САД, јави дописничката на МИА од Атина.

Иконому додаде дека позитивните резултати ги надминаа очекувањата дури и на најоптимистите,

-Според нашата перцепција, посетата на САД не требаше и не можеше да ги има карактеристиките на „ученик“ кој трча да се пожали кај „учителот“ затоа што тој што е до него му згрешил. Таквата позиција на врвот го има признавањето на слаб партнер. Напротив, премиерот ја истакна Грција како земја која има самодоверба, стабилност и безбедност. Лидер на земја која е сигурен сојузник и фактор на безбедност во нашето пошироко соседство. Земја која сака и може да развие динамика во новата ера, која сака и може да стане центар за транспорт на природен гас и чиста енергија од Блискиот Исток и Источниот Медитеран до Балканот и Југоисточна Европа, рече Иконому.

Истакна дека Мицотакис потенцираше дека Грција е подготвена и решена да не прифаќа агресивни дејствија кои го нарушуваат нејзиниот суверенитет и територијалните права.

Иконому додаде дека средбата во Белата куќа на Мицотакис со американскиот претседател Џо Бајден била во топла клима, со срдечен пречек, но и со многу симболики.

-Особено значајна беше симболиката за време на посетата. А симболиката многу често произведува политички резултат. Претседателот на САД носеше вратоврска со национално обележје на странска држава, на нашата земја Грција. Јавно се пошегува за грчката верзија на неговото презиме, на неговото име, рече портпаролот на грчката Влада.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Автомобил со скопски таблички падна во море во Неа Каликратија

Катерина Павлова-Николовска

Ердоган: Грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат бегалци

Исчезнати четири и спасени над 100 лица во близина на грчкиот остров Дилос

Ана Ололовска

Грција и Кипар по над 20 години одново се поврзуваат со редовна бродска линија

Ана Ололовска

Пожар на грчкиот остров Евија

Ана Ололовска

Парада на гордоста во Атина – една од помасовните во изминатите години

Ана Ололовска