И Србија и Британија демантираат дека потпишале документ за заштита од руско влијание

Од:

Британската амбасада во Белград денеска ги демантираше наводите, прво објавени од медиумите на Островот, дека земјата потпишала заеднички документ за спречување на руските влијанија со Србија.

Од амбасадата за Радио Слободна Европа објаснуваат дека во документот кој е потпишан со Србија во рамките на посетата на британскиот министер за одбрана Бен Волас, не се спомнува името на која било друга држава.

„Документот е фокусиран на консолидирање и ширење на моментната билатерална соработка меѓу министерствата за одбрана на Србија и Обединетото Кралство. Документот се занимава со теми како заедничкото учество на нашите држави во меѓународни мировни мисии,“ се вели во соопштението од Амбасадата.

Волас минатата недела во Белград се сретна со највисоките функционери на Србија, вклучувајќи го претседателот Александар Вучиќ и министерот за одбрана Небојша Стефановиќ.

По средбите, српското министерство за одбрана соопшти дека потпишало аранжман за унапредување на соработката во областа на одбраната, но не наведе детали.

Амбасадата на Велика Британија во денешното соопштение наведува дека Волас за време на посетата на Белград нагласил дека „Лондон ја почитува воената неутралност на Србија“.

Информациите за наводниот документ во кој се осудува руското мешање во внатрешните работи на Србија ги објави британски „Телеграф“, а нив вчера ги демантираше и српското министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски