И покрај протестите на опозицијата конституиран советот на општина Скадар

Од:

Додека надвор протестираа приврзаниците на опозицијата и создадената тензична ситуација, констуиран е новиот Совет на општина Скадар.

Пред универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“, каде што се одржуваше конститувната седница, ситуацијата се влоши откако демонстрантите се судрија со полицискиот кордон при обид насилно да влезат во зградата и да ја стопираат конститутивната седнца.

Според опозицијата, конституирањето на овој совет е нелегално и не ги претставува граѓаните на Скадар,уште повеќе што поради соменијата за криминално досие, од функцијата градоначалник, на која беше избран на јунските избори се откажа Валдрин Пјетри,уште пред да седне на градоначалничката фотелја.

За преседател на градскиот совет на Скадар беше избрана Брисеида Кадиа.

Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, на Фејсбук напиша дека „денешната битка во Скадар е битка на секој Албанец, кој не прифаќа насилство, крадците и криминалците на Еди Рама, не ја прифаќа неговата невработеност, неправда и ароганција“.

Од друга страна координаторот на парламентарната група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, рече дека жителите на Скадар од денес имаат свое ново локално „собрание“, составено од 51 општински советници избрани на локалните избори на 30 јуни.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски