И да ме фатат за гуша не го признавам Косово, вели Вучиќ пред новите преговори со Приштина

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ е во Брисел пред почетокот на новата рунда преговори на високо политичко ниво меѓу Белград и Приштина, со посредство на Европската унија.

Вучиќ ѝ се обрати на српската јавност пред утрешните состаноци со европските челници и со косовскиот премиер Албин Курти, и повторно порача дека под ниту еден услов нема да ја признае независноста на Косово.

„Луѓето во Србија очекуваат нашиот одговор да биде „не“ околу секое прашање. Од друга страна, постојат илјада невистини и лаги, во кои некој треба да ја брани Србија од нејзиното раководство. Можам однапред да ви кажам што ќе се случи – и Курти и Османи и сите други најавуваат распишување избори и се однесуваат како дијалогот никогаш да не постоел, ќе бараат рамноправност како да сме две суверени држави. Јас на тоа не можам само да се насмевнам. Тука, во Брисел, нека ја продолжат својата политичка игра. Сакам за првпат да влезам во суштината на проблемот“, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател вели дека дијалогот со Приштина треба да се продолжи аргументирано, а нагласи и дека е многу загрижен за судбината на српското духовно наследство на Косово.

„Тие сакаат да зборуваат дека нешто е косовско наследство, културно и верско. Тоа не е точно. Тоа е српско наследство, а не нешто што им припаѓа на Албанците. Нѐ очекуваат сериозни разговори, но нашата позиција е цврста и тешка. Се плашам дека ќе има многу повеќе нестабилности и проблеми“, рече Вучиќ.

Тој предупреди дека Србија повеќе нема да дозволи ситуации во кои Србите се прогонуваат, како што се случуваше во Косово во минатото.

„Ако некој мисли дека е можно да се понижува Србија и дека ние мирно ќе набљудуваме како Срби исчезнуваат и како ги прогонуваат од огништата, се лажат, „Блесок“ веќе нема да се повторува во српската историја. Јас немам што конкретно да му кажам на Курти, има тој за зборување. Тој не би требало на подмолен начин да ги напаѓа Србите. Мене ме интересира тоа што тој ќе го каже. Тука доаѓа мислејќи дека еден ќе ми ја свитка раката, а друг шијата, па ќе потпишам Косово да биде независно. Никогаш тоа нема да го направам,“ рече српскиот претседател, додавајќи дека Косоварите „се силат дека имаат држава, мечтаат за тоа“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убијците на Данка мислеа дека ќе останат неказнети, овој чин заслужува смртна казна

Горан Наумовски

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ