И Буш вмешан во шемата на бугарската изманичка со криптвалути

Од:

Нил Буш, син на поранешниот претседател на САД – Џорџ Буш Постариот и брат на Џорџ Буш Помладиот, добил 300.000 долари од бугарската измамничка со криптовалути, Ружа Игнатова, изјави Марк Скот, нејзин поранешен адвокат кој е замешан во процесот против неа.

Игнатова и нејзиниот брат Константин се барани од ФБИ поради измама од над четири милијарди долари.

Станува збор за пирамидалната шема со криптовалутата „уан коин“. Скот тврди дека е невин и не знаел дека во компанијата на Игнатова има нешто нелегално.

Според Скот, Нил Буш ѝ помогнал на Игнатова да се сретне со кинески милијардер. Буш бил член на управниот одбор на неговата фирма „Хаифу Енерџи” во Хонк Конг, што се занимава со енергетика.

Кинезот всушност барал заем, од којшто дел би бил во облик на криптовалутата, а заради зделка со нафтената индустрија во Мадагаскар. Скот тврди дека токму присуството на Буш било гарант дека на Игнатова може да ѝ се верува.

Подоцна Буш бил побаран од агенти на ФБИ, па дал исказ за средбата во Хонг Конг. И според неговите кажувања, ни тој не знаел дека се работи за измама.

Податоците говорат дека компанијата Уан коин, којашто сè уште функционира, има над три милиони учесници, кои по пирамидалната шема, добиваат провизии за привлекувањето на нови членови, кои купуваат пакети од криптовалутата.

Константин Игнатов беше уапсен на аеродромот во Лос Анџелес во март годинава. Призна вина и на 4 октомври склучил вонсудска спогодба.

Ружа Игнатова е во бегство и сè уште е недостапна за властите.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност