Хрватските државјани од Вухан ќе се вратат со помош на Франција

Од:

Хрватското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека, со помош на Франција, е обезбеден превоз за четворица хрватски државјани кои треба да се вратат во земјата од Вухан, каде поминаа 14 дена во карантин поради коронавирусот.

„Со француска организација, тие треба да слетаат во утринските часови, во јужниот дел на Франција.

Поради мерки на претпазливост, по пристигнувањето ќе бидат сместени во изолација каде ќе останат 14 дена пред да се вратат во Хрватска, се наведува во соопштението на хрватското МНР.

Исто така, се додава дека хрватските дипломатски претставништва во Пекинг и Париз, заедно со Управата за конзуларни работи на Министерството за надворешни работи и Постојаното претставништо на Хрватска во ЕУ, во Брисел, ги преземале сите активности за што поскоро да ги пренесат четворицата хрватски државјани од кинескиот град Вухан во Европа.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа