Хрватскиот Уставен суд зад затворени врати ќе расправа за епидемиолошките мерки

Од:

Уставниот суд на Хрватска на денешната седница донесе одлука да се разгледа законитоста на епидемиолошките мерки, донесени од Штабот за цивилна заштита, без присуство на јавноста, изјави генералниот секретар на тој суд Теодор Антиќ.

Тој најави дека за одлуката на Уставниот суд јавноста ќе биде информирана во текот на денот., а претседателот на тој суд ќе одржи прес-конференција. Антиќ не одговори на новинарските прашања за тоа зошто седницата на Уставниот суд не е отворена за јавноста и кои судии биле против тоа.

Уставниот суд одлучува за уставноста на повеќе закони и пакет од 27 различни уставни тужби против мерките донесени од Националниот штаб за цивилна заштита во врска со пандемијата на Ковид-19.

Неколку граѓани и политичари побараа проценка на уставноста на мерките.

Адвокатот Анто Нобило претходно изјави дека јавното одржување на седницата на Уставниот суд би бил демократски чекор напред и, како што рече, нешто ново. Тој додаде дека не се сеќава дека Уставниот суд некогаш имал јавна расправа, така што, според него, тоа би придонело за доверба во работата на институциите.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари