Хрватскиот министер за здравство е заразен со коронавирусот

Од:

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош е заразен со коронавирусот, потврди утрово Министерството за здравство откако тој не се појави на денешната владина седница.

– Со појавата на симптомите на болеста, министерот Вили Берош се тестираше за присуство на коронавирусот и утрово ги доби резултатите од тестот дека е позитивен. Здравствената состојба на министерот е стабилна со лесна клиничка слика и продолжува да ги извршува своите должности изолирано, придржувајќи се кон сите мерки на епидемиолозите, се наведува во соопштението на хрватското Министерството за здравство.

Телевизијата Н1 неофицијално дознава дека постои сомнеж оти Берош се заразил минатата сабота за време на посетата на Вараждинската жупанија.

Берош се тестираше и минатата недела откако имаше респираторни синдроми, но тестот беше негативен.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари