Хрватскиот министер за државен имот Горан Мариќ поднесе неотповиклива оставка

Од:

Хрватскиот министер за државен имот Горан Мариќ денеска поднесе неотповиклива оставкана фунцкијата, порачувајќи дека тоа го прави „во настанати околности и атмосфера на тешка медиумска дифамација на статусот и опструкција на нормалното работење и делување на Министерството за државен имот“ и него како министер, пренесува Фена.

Мариќ изјави дека оставката ја поднел во Нови Винодолски во текот на потпишувањето на договорот за подарување на недвижнина, изјавувајќи дека тоа му е последниот договор што го потпишува како министер.

-Работев под страшен притисок, станав цел. Не сум во состојба да прифатам ваков невиден удар врз мене и врз моето семејство, им рече Мариќ на изненадените новинари додавајќи дека „веќе не е достапен за нив, бидејќи веќе го вратил мобилниот телефон во министерството“.

Писмената оставка тој му ја упатил на премиерот Андреј Пленковиќ.

-Потврдувам дека Министерството за државен имот, од самото негово создавање, нити еден ден не работело во мирни и непречени околности. Работев под речиси програмиран притисок и околности во кои се поттикнуваше и премолчено се одобруваше постојан сомнеж за организациската втемеленост на министерството и воспоставувањето на потребната регулативност на статусот на државниот имот“, наведува Мариќ во оставката.

Според него, исто така, подеднакво неразбирлива и неприфатлива е замената на факти при која „медиумската оркестрација и создавање на атмосфера на линч е поприоритетна од мирниот и разумен увид во вредностите, досегот и учинокот на државниот имот“ во политичкиот, економскиот и општествениот простор на Хрватска.

Медиумите во Хрватска министерот Мариќ го сомничат за бизниси со недвижнини, купопродажба на станови, како и неговата улога во обновата на дел од фрањевачкиот манастир во Загреб, што пред осум години беше претворен во студентски дом.

Неговата работа почна да ја проверува и Ускок, пренесе Хина.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски