Хрватски пратеник искина хартија со буквата „З“

Од:

Хрватските пратеници расправаат за предлогот на Владата за Одлука за учество на припадници на хрватските вооружени сили во мисијата на ЕУ за воена помош за поддршка на Украина – ЕУМАМ. За да може Собранието да ја потврди таа одлука потребно е двотретинско мнозинство, а пратеникот Хрвоје Зекановиќ ја искина хартијата со буквата З.

„Или сте за Украина или закачете го овој знак пред вратата“, рече Хрвоје Зекановиќ, држејќи ја хартијата со симболот на руската инвазија „З“ на неа, која потоа ја искина.

Буквата З е симбол на руската инвазија на Украина и се наоѓа на руското оружје.

Кога станува збор за обуката на украинските војници во Хрватска, тоа е предлог на премиерот Андреј Пленковиќ, додека претседателот Зоран Милановиќ остро се противи на таа одлука.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци