Хрватски медиуми: Со скапа модернизација Вучиќ од Србија прави најмоќна воена сила во регионот

Од:

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот.

„ Во последно време се почесто се поставува прашањето во регионот – зошто Србија забрзано се вооружува и дали можеме да зборуваме за нова милитаризација на најголемата пост-југословенска држава која беше иницијатор или беше вклучена во сите војни во 90-тите во оваа област. Александар Вучиќ ги зголеми буџетските средства за одбрана за дури 44 проценти, односно српските даночни обврзници ќе жртвуваат нешто помалку од 1,3 милијарди евра за „воените планови” на Вучиќ (што е најголем воен буџет во регионот), и третина од тоа одат за модернизација на армијата и купување ново оружје, што би значело дека Србија, ако се ова го реализира, би имала најсилна армија во регионот. Сите се прашуваат кој ја загрозува или пак го прави тоа за да шири паника“, пишува „Јутарњи“.

Порталот наведува дека Србија добила „воени подароци“ од Русија и Белорусија.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност