Хрватската опозиција одби консултации со Пленковиќ

Од:

Хрватските парламентарни опозициски партии одбија да одговорат на денешните консултации со премиерот Андреј Пленковиќ, а владиниот портпарол Марко Милиќ рече дека нема да има нов повик.

Според загребската телевизија Н1, Милиќ рекол дека партиите биле поканети на консултации од почит кон нив, а не за да се приклучат на парламентарното мнозинство.

– Имавме мнозинство во понеделникот до 12 часот. Темата беше исклучиво разговор за нивниот став за предизвиците со кои се соочува Хрватска, рече Милиќ.

Тој ги повика лидерите на опозицијата на одговорност и додаде дека на новата Влада не и потребен консензус од целата опозиција за да гласа закони.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари