Хрватска: Во пензија на 67 години

Од:

Министерот за труд и пензискиот систем, Мирандо Мрсиќ потврди дека вработените во Хрватска ќе одат во пензија на 67-годишна старост.

Коментирајќи ги заклучоците на ММФ мисијата за реформи на пензискиот систем, Мрсиќ од Брисел каде што се наоѓа, изјави дека тоа е нешто што во Хрватска не може да се избегне.

-Тоа не е нешто што ни претстои сега, односно не во некоја блиска иднина. Како и сите земји во Европската унија, тоа е резервирано за втората половина на оваа деценија, но веројатно ќе мораме да се потрудиме повеќе– изјави Месиќ.

Тој напомена дека препораките на ММФ, на крај ги донесува владата.

Хрватските синдикати ги повикаа одговорните да се огласат за непримерната препорака на Меѓународниот монетарен фонд ММФ, за зголемување на условите за старосната граница и заминувањето во пензија од 65 на 67 години.

Доколку во владата нема доволно разум и ум, стравуваме да не се повтори сценариото на земјите кои слушајќи ги препораките на ММФ за штедењето, предонесе за продлабочување на сопствената криза.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари