Хрватска: Во недела протест против кирилицата

Од:

Претседателот на Штабот за одбрана на хрватскиот Вуковар, Томислав Јосиќ најави дека во недела на загребачкиот плоштад бан Јелачиќ, ќе се одржи протест, наречен „Не кирилица во Хрватска“.

Организаторот не сакаше да открие повеќе детали за протестот, само најави дека ќе биде сличен на оној што се одржа против воведување на двојазичноста и кириличните натписи, пренесе агенцијата Хина.

-Ќе бидеме многу појасни, гласни и строги отколку што бевме во Вуковар, порача Јосиќ и додаде дека барањата кои што ќе бидат упатени од центарот на Загреб ќе се поинакви од оние во Вуковар, но на иста тема.

Елена Георгивска

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он