Хрватска сака да го вклучи западниот Балкан во министерските состаноци за енергија

Од:

Томислав Ќориќ, министерот за животна средина и енергија на Хрватска, која претседава со ЕУ до јули, повика министрите од земјите од западниот Балкан да учествуваат на министерските совети на ЕУ во овие два ресора.

Ќориќ ова го изјави при презентацијата на приоритетите на хрватското претседателство во областа на енергијата, на одговор на прашање на европратеник од Зелените за загадувањето од централите на јаглен во западнобалканскиот регион.

Министерот оцени дека “загадувањето не познава граници“ и поради тоа е важно ЕУ поинтензивно да соработува со земјите од регионот.

Според европратеникот Микаел Блос кој го постави прашањето, шестнаесетте централи на јаглен од западниот Балкан загадуваат повеќе од сите 250 централи кои се наоѓаат во Европската Унија.

Хрватскиот министер ја спомена можноста министрите од регионот да бидат вклучени во министерските состаноци на ЕУ, но без повеќе детали околу модалитетите. Во секој случај, според него енергијата и животната средина ќе бараат зајакната соработка на ЕУ западниот Балкан.

Зелениот пакт на ЕУ е главен приоритет на Европската Комисија за наредните пет години, целта е да се постигне климатска неутралност до 2050-та, односно емисиите од штетните гасови да се сведат на нула.

Би можело да ве интересира

Обвинителството го предупреди Пленковиќ за вршење притисок

Ана Ололовска

Преговарачката рамка во јуни, старт на преговорите наесен

Ана Ололовска

ЕУ го поздрави формирањето на новата косовска Влада

А1он

Словенија распореди уште илјада полицајци на границата со Хрватска поради мигрантите

Ана Ололовска

Лајчак: Поддршка од 27 земји-членки на ЕУ за продолжување на дијалогот Белград-Приштина

А1он

Италија со предупредување до ЕУ дека ќе се распадне ако кон таа држава се однесува како кон лепрозен

А1он