Спречување на здравствените ризици е апсолутен приоритет на поплавените подрачја, при што Хрватска и ЕУ заедно итно ќе тргнат во борба против комарците кои можат да пренесат зарази поради големиот број пцовисани животни, изјави хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ и еврокомесарот за хуманитарна помош Кристалина Георгиева.
– Спречување на здравствените ризици сега е апсолутен приоритет, а комарците се голема опасност. Ќе ги споиме европските капацитети на цивилна заштита и хрватските авиони и ќе решаваме проблеми од двете страни на реката Сава, рече Георгиева при посетата на поплавените подрачја.
Пусиќ рече и дека очекува хуманитарна помош од ЕУ и во сместувањето на евакуираните, додека нивните домови не бидат оспособени за живот.
Георгиева рече дека на ред е третата, хуманитарна фаза во борбата против поплавите, која опфаќа санација, прочистување на водата и борба против здравствените ризици, а ќе потрае најмалку неколку недели.