(ХРВАТСКА) ЛУСТИГ: Ако во демократија не можам да кажам дека не верувам во Господ, еб*ти демократијата

Од:

Бранко Лустиг, познатиот Холивудски продуцент, во Книн го дочека празно кино со по некое дете внатре. Само тројца основци беа во кино салата.

Родителите и наставниците очигледно се договориле да го бојкотираат прочуениот продуцент и оскаровец. Имено Лустиг на децата во Задар им рече дека не верува во Господ.

„За мене Господ повеќе не посто“ – рече Лустиг и додаде дека кога би постоел не би го дозволил холокаустот или геноцидот во Сребреница. Заради таквата изјава, Лустиг ,кој како дете го преживеал Аушвиц, го нападнаа родителите и наставниците на задарските основци.

Лустиг бил видно разочаран од бојкотот. Тој тврди дека директорите на училиштата не им дозволиле на децата да дојдат да го слушаат.

„Јас не реков дека нема Господ, само реков дека после Аушвиц не верувам во него. Живееме во демократија. Ако во својата земја не можам да кажам што мислам и што чувствувам, е*и ја демократијата“ – налутено коментираше продуцентот и обраќајќи му се на Книнскиот директор, проговори и за Бозаниќ (Надбискупот на Католичката Црква во Хрватска н.з.) и за Јасеновац.

„Би сакал да му испратам порака на овој директор на училиштето во Книн. Кога Надбискупот беше во Јасеновац, воопшто не дојде до „Цветот“(Цветот е споменикот на настраданите во овој логор од Втората светска војна), туку на пола пат погледнал на часовникот и рекол – „сега ми е конференцијата“ – и се вратил. За него конференцијата била поважна од тоа да оди до „Цветот“ и да се поклони на жртвите. Слична е ситуацијата и со ова предавање“ рече Бранко Лустиг.

Оскаровецот требаше на децата да им одржи едукативно предавање во организација на Фестивалот на еврејскиот филм.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он