Хрватска ја преиспитува можноста за воведување мерка за самоизолација за граѓаните на БиХ

Од:

Хрватска нема повторно да ги затвори своите граници и покрај зголемениот број заразени со коронавирусот, но во моментов ја преиспитува можноста за воведување мерка за самоизолација за граѓаните на Босна и Херцеговина, изјави директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Цапак.

-Одлуката се уште не е донесена, но таа е на маса. Ние ги предупредуваме граѓаните да не одат таму на шопинг затоа што е поевтино, рече Цапак, додавајќи дека повеќе од 50 проценти од луѓето што доаѓаат ќе бидат вратени од границата.

Тој најави дека во следниот период ќе има средба со колегите од Словенија со цел да се договорат за преминување на границата, со оглед на фактот дека голем број туристи доаѓаат во Хрватска токму преку Словенија.

Би можело да ве интересира

Њујорк воведува контролни пунктови на влезовите во градот поради Ковид-19

А1он

ВИДЕО: Кучиња на аеродромот во Дубаи детектираат коронавирус со 92 проценти точност

А1он

Дневен преглед Ковид-19: Во Италија максимален дневен раст на заболени, во Црна Гора четворица починати

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

А1он

Мицотакис: Маската треба да стане наш постојан придружник, како клучевите, очилата и мобилниот телефон

А1он

Во Словенија лекуваат Ковид-19 со редесивир, фавипивавир и дексаметазон

А1он