Хрватска инвестира во туризмот

Од:

Хрватска планира да влезе во „топ 20“ светски туристички дестинации со владината стратегија за развој на туризмот до 2020 година, објави „Јутарњи лист“.

Во стратегијата се наведува дека за да се постигнат тие резултати бројот на вработени во туризмот и сродните дејности треба да се зголеми за уште 30.000 луѓе и да бидат инвестирани седум милијарди евра за зголемување на туристичката база.

– Хрватска треба да го промени долгогодишниот став дека туризмот се развива сам од себе и оти сонцето и морето се главен и често единствен туристички производ, се наведува во стратегијата, предложена од Министерството за туризам.

Според Министерството за туризам и покрај недостатоците хрватскиот туризам во време на криза постигна подобри резултати од медитеранската конкуренција. Во 2011 година во Хрватска биле регистрирани 11,5 милиони туристи, 60,4 милиони ноќевања, странските туристи потрошиле 6,3 милиони евра, а локалните уште една милијарда евра.

Во моментот во областа на туризмот во Хрватска работаат над 95.000 луѓе, што е седум проценти од вкупниот број на работни места во државата.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он