Хрватска ги присвои Никола Тесла, Марко Поло, Иво Андриќ како хрватски великани

Од:

Хрватски „Вечерњи лист“ покрена мултимедијален проект под насловот „Хрвати кои го менуваа светот“ и ништо не би било спорно доколку не се најдеа на листата великани кои не се претставувале како Хрвати.

Станува збор за листа, за проект со кој се сака да им се оддолжат на „хрватските великани“ како што заслужиле, со промовирање на нивните имиња и достигнувања. Освен во весникот, најавени се промотивни кампањи и предавања во хрватските училишта и на телевизија.

Дванаесет „Хрвати кои го менувале светот“ според „Вечерњи лист“ се Руѓер Бошковиќ, Фауст Вранчиќ, Свети Јероним, Никола Тесла, Андрија Штампар, Ивана Брлиќ-Мажураниќ, Андрија Мохоровичиќ, Иво Андриќ, Јулије Кловар, Марко Марулиќ, Иван Мештеровиќ и Марко Поло.

Интересно е што Руѓер Бошковиќ одамна е на листата „100 најпознати Срби на сите времиња“. Тој бил филозоф, астроном, математичар и физичар, роден во Дубровник, но од српска националност.

Никола Тесла бил роден во Лика, во Хрватска, но секогаш го истакнувал неговото српско потекло и се претставувал како Србин. Затоа и во Хрватска, се спомнува само каде е роден, но не и неговата националност, иако бил дете од православно семејство.

Иво Андриќ се изјаснувал како Србин и српски писател. Во неговите лични документи, лична карта од 1951 година, воена книшка од 1951 година, партиска книшка од 1954 година, во изводите од матичната книга тој има запишано националност „српска“.

Иво Андриќ во два наврати се има дистанцирано јавно од Хрватска: 1933 година со одбивање неговите песни да влезат во Антологијата на хрватската лирика и во 1954 година кога одби во неговата биографија во Југословенската енциклопедија да се напише дека има хрватско потекло.

Ништо не е поразлично ниту за Марко Поло и Свети Јероним за кои историјата е премногу јасна дека немаат никаква врска со Хрватска.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски