Хрватска ги отвора границите, но не и за Македонија и Србија

Од:

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ најави отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не се Македонија и Србија.

„Успеавме во првото полувреме да ја победиме епидемијата. Направивме план според кој би ја измениле одлуката за привремена забрана за поминување на граничните премини за државјани од низа земји, за туризам. Тоа би се однесувало на Словенија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија“, наведе Пленковиќ.

Како што кажа тој, листата ќе се проширува во согласност со ситуацијата.

Претходно и Црна Гора објави листа на земја за кои ќе бидат отворени границите од 1. јуни, а меѓу кои не се Македонија и Србија поради бројот на случаи со заразени од коронавирусот.

На листата на земји кои можат да летуваат во Црна Гора од регионот се наоѓаат Хрватска, Албанија, Грција, Словенија, Унгарија.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он