Словенија ги стави Хрватска, Франција и Чешка на листата на епидемиолошки небезбедни држави

Од:

Словенија одлучи да ги отстрани Хрватска, Франција и Чешка од таканаречената „зелена листа“ на држави кои се епидемиолошки безбедни.

Веста ја објави портпаролот на Владата на Словенија, Јелко Кацин, а по ваквата одлука граѓаните на тие три земји ќе мораат да бидат во 14 дневна самоизолација доколку влезат во земјата. Причината за ваквиот чекор е зголемувањето на случаите на Ковид-19 во овие три држави.

– Мораме да биде подготвени на многу потешко сценарио поради ширењето на коронавирусот и затоа владата процени дека е потребно заострување на мерките. Вирусот е присутен и затоа се соочуваме со големи проблеми, изјави Кацин.

Ваквата одлука на словенечката Влада најмногу ќе влијае врз граѓаните на Хрватска кои секојдневно патуваат во соседна Словенија.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он