Хрват го снимил сексот со сопругата и снимката ја објавил на порно сајт, доби условна казна

Од:

Жител на хрватското место Имотски со својот мобилен телефон снимил сексуален однос со неговата сопруга, без нејзино знаење, а потоа снимката под лажен профил ја објавил на една порнографска страница на интернет, јавија хрватските медиуми.

Со ова, 43-годишниот човек, против кого е подигнато обвинение, ја повредил приватноста на својата сопруга и извршил кривично дело „неовластено сликовно снимање“, според хрватскиот Кривичен законик.

Општинскиот суд во Сплит го прифатил барањето на надлежното Обвинителство на обвинетиот да му се издаде казнен налог и да се донесе пресуда без судење. Тој добил условна казна од пет месеци затвор, доколку во следните две години го повтори делото.

Доколку обвинетиот вложи приговор на пресудата, ќе биде организирано судење, пишуваат хрватските медиуми.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари