Христо Иванов, копретседател на Демократска Бугарија, дел од софиската владејачка коалиција, изјави за БНТ дека е во интерес на Бугарија да и помогне на Украина, вклучително и со различни капацитети за оружје.
Сепак според Иванов, прашањето може да се покрене само кога има шанси таквиот предлог да биде прифатен од мнозинството, што е разбирливо и дел од внимателното зачувување на концептот на оваа влада.
Тој рече дека „Демократска Бугарија“ и БСП се на различни позиции во владејачкото мнозинство за тоа дали треба да и се пружи помош во оружје на Украина, додаде Иванов.
Ова не е лесна одлука и е одлука во која бугарското општество е поделено и добро е да се помине јавна дискусија за да се роди согласност, беше категоричен тој, јави дописникот на МИА од Софија.
Извор: МИА