Хрисохоидис: Грција ги штити своите граници и е безбедна земја

Од:

Денеска сме во северен Еврос, заедно со началникот на Генералштабот на армијата, господинот Флорос, за да испратиме силна порака до сите дека Грција ги штити своите граници, Грција е безбедна земја, рекол, според АНА-МПА, министерот за цивилна заштита на Грција, Михалис Хрисохоидис, кој претпладнево замина за Еврос откако бегалци и мигранти започнаа да се собираат во Турција, на границата со Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Хрисохоидис истакнува дека дополнително ќе се зајакне чувањето на границите, а сили од војската и полицијата од целата земја ги зајакнуваат службите на Еврос „за да биде поефективна и побезбедно чувањето“ на границите.

-Многу е непријатно она што се случува од другата страна на границата. Односно, фактот дека несреќните луѓе се собираат на нашата граница, уценувачки, да влезат без патни исправи. Нашиот одговор е дека земјата прима и ги пречекува сите оние кои имаат легални патни исправи, но не можеме да прифатиме државјани на трети земји кои немаат легални документи. Границите на земјата се отпорни и затоа, несреќните луѓе немаат никаква причина да се собираат на нашите граници, на царинските станици, чекајќи да влезат во грчка и европска територија, вели министерот за цивилна заштита на Грција.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски