Хоти за акцијата на косовската полиција: Ова е само почеток на враќање во нормалност

Од:

Косовскиот премиер Авдулах Хоти, по повод синоќешната полициска акција во селото Карачево во општина Каменица и во други места низ Косово, за сузбивање на нелегалното коцкање и трговијата со луѓе, оружје и наркотици, порача дека тоа претставува „само почеток на враќањето во нормалност во сите области“.

Преку својата страница на Фејсбук, Хоти им изрази благодарност на „сите кои со посветеност и професионалност испланираа и спроведоа една комплексна и деликатна операција“.

– Опереацијата на полицијата во Карачево, поддржана и од другите механизми, претставува доказ дека нашите институции се целосно способни да го гарантираат редот и безбедноста за граѓаните на Република Косово, напиша Хоти.

Во синоќешната обемна операција, за која властите тврдат дека е најголема од таков вид во Косово, беа уапсени 33 лица, меѓу кои и 10 полициски службеници, а беше преземена и акција за уривање на десетина нелегални казина во Карачево.

Основното обвинителство во Гњилане, полицискиот инспекторат и Полицијата на Косово преку соопштение за јавноста информираа дека операцијата е изведена како резултат на речиси едногодишни истражни активности за нелегални дејствија, меѓу кои нелегално коцкање, трговија со луѓе, оружје и наркотици, шверц на стоки и други криминални активности.

Во акцијата се запленети апарати за игри на среќа, разни стоки и други предмети за кои се претпоставува дека се користени во криминални активности.

Селото Карачево, каде што главно беше сконцентрирана акцијата, се наоѓа на самата граница со Србија и стана актуелно откако на почетокот на август годинава таму влезе патрола на уноформирани припадници на српските безбедносни сили. Настанот предизвика бурни реакции во јавноста, а опозицијата ја обвини власта дека не е способна да ја штити трериторијата на државата.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски