Хоти тврди дека може да прогласи вонредна состојба, а Османи дека тоа право го има само претседателот

Од:

Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека воопшто нема да се двоуми да побара воведување вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19, доколку тоа го побараат Министерството за здравство и Институтот за јавно здравство на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во обраќањето пред пратениците на денешната седница на Собранието, Хоти се осврна и на нацрт-законот за справување со пандемијата, кој е доставен во Владата од страна на Собранието, за кој рече дека е непотребен и не го решава проблемот.

– Денеска го разгледавме на владината седница нацрт-законот доставен од Собранието за менаџирање на пандемијата. Оценка на правните експерти е дека тој закон не го решава проблемот, бидејќи не може со закон да се ограничат елементарните права, како што се случи со одлуките на претходната влада, кои беа прогласени за неуставни. Единствено решение, доколку треба да се оди во екстреми на ограничувањето на движењето на државно ниво, е прогласувањето вонредна состојба, изјави Хоти.

Реплицирајќи му на премиерот, претседателката на Собранието, Вјоса Османи нагласи дека единствен кој може да предложи вонредна состојба е претседателот на државата, во случајов Хашим Тачи.

– Предлогот за вонредна состојба, согласно Уставот на Косово, нема право да го даде премиерот, туку само претседателот на државата. Претседателот го консултира премиерот пред да го прогласи декретот. Значи, во ова Собрание не може да дојде предлог или акт од Владата за вонредна состојба, туку само од претседателот. Затоа е добро да бидете јасни во врска со вашите надлежности, изјави Османи.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски