Хоти: Српската листа ќе биде дел од новата Влада на Косово

Од:

Мандатарот за формирање на новата Влада на Косово од редовите на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти, објави дека постигнал договор со најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ), за нејзино учество во неговиот кабинет, кој очекува дека ќе го состави многу наскоро, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за медиумите пред партиското седиште, Хоти информира дека СЛ и во новиот владин кабинет ќе ги има истите функции кои ги имаше и во досегашната Влада, предводена од вршителот на должноста премиер, лидерот на Движењето самоопределување (ВВ), Албин Курти.

Хоти ги отфрли како неосновани барањата на ВВ на Курти и на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК) на Кадри Весели, за одржување вонредни парламентарни избори веднаш по надминувањето на пандемијата на Ковид-19, нагласувајќи дека, сé додека во Собранието на Косово има мнозинство кое може да формира влада, нема потреба од предвремени избори.

Откако порано во текот на денешниот ден беше постигнат договор за коалиција со Алијансата за иднината на Косово (ААК) на поранешниот премиер Рамуш Харадинај, Хоти изрази уверување дека многу наскоро, веројатно до крајот на денот, ќе се договори и со останатите идни коалициони партнери во новата влада.

Во владата која треба да се формира откако на 25 март му беше изгласана недоверба на кабинетот на Курти, покрај ААК и СЛ, според најавите од ЛДК, се очекува да партиципираат и Социјалдемократската иницијатива (Нисма) на Фатмир Лимај и партиите на помалите етнички заедници во Косово. Од ЛДК тврдат дека се обезбедени потребните гласови во Собранието за поддршка на кабинетот што ќе го предложи Хоти.

Актуелната влада во оставка, предводена од лидерот на ВВ Албин Курти, беше разрешена од Собранието на Косово, откако на 25 март, на иницијатива на ЛДК, која дотогаш беше дел од кабинетот на Курти, ѝ беше изгласана недоверба со повеќе од две третини од гласовите на пратениците.

 

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пукотница во Приштина: Убиен е маж, жена е тешко ранета

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница