Хоти: Првo избори или „сеопфатна“ Влада, па продолжување на дијалогот со Србија

Од:

Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти вели дека дијалогот со Србија треба да се одвива со согласност на две третини на пратениците во косовското Собрание и дека секој друг облик на водење преговори е нелегитимен и неуставен, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоти на својата страница на Фејсбук напиша дека „со оглед на тоа што актуелните институции немаат легитимитет да го претсатвуваат Косово во дијалогот, остануваат две можности: првата е дијалогот да се води по избори организирани од легитимни институции, и втората е формирање „сеопфатна“ Влада, која ќе го заокружи дијалогот и ќе ја подготви земјата за избори“.

Во двата случаи, вели шефот на пратениците на најголемата косовска опозициска партија, двотретинското мнозинство е неопходен услов за продолжување на преговорите

– Во секоја од варијантите на сите им е јасно дека територијалниот интегритет на Република Косово и унитарниот карактер на државата не се предмет на преговарање. Косово не може да влезе во пазарења за територии. Со слободна волја, во согласност со меѓународните партнери, на 17 септември 2008 пратениците во Собранието на Косово ја прогласија независноста. Оваа одлука косовската држава ја одбрани во Меѓународниот суд на правдата, кој заклучи дека независноста на Косово не го повреди меѓународното право, напиша Хоти.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари