Хоти: Приштина од преговорите со Белград очекува единствено меѓусебно признавање

Од:

Косовскиот премиер Авдулах Хоти најави дека идниот четврток во Брисел ќе ги продолжи разговорите со претседателот на Србија Александар Вучиќ за изнаоѓање решение за споровите меѓу двете земји, но нагласи дека Приштина во преговарачкиот процес со Белград влегува единствено заради меѓусебно признавање и целосна нормализација на односите.

На прес-конференција по денешниот видео-самит со Вучиќ и со претставниците на Европската Унија, шефот на дипломатијата Жозеп Борел и специјалниот пратеник за дијалогот, Мирослав Лајчак, Хоти информира дека е постигната начелна согласност за продолжување на дијалогот со официјален Белград, на 16 јули во престолнината на ЕУ.

– Дијалогот нема алтернатива и само преку дијалог можеме да ги решиме прашањата со Србија. Јас ја предложив платформата за дијалогот и ние во овој процес влегуваме единствено за меѓусебно признавање и целосна нормализација на односите меѓу двете земји, изјави Хоти, најавувајќи ја првата официјална средба меѓу челниците на двете држави по 20-месечен прекин, кој настапи по воведувањето, во ноември 2018 година, на таксата од 100 отсто на српскиот увоз во Косово.

Теми на денешниот виртуелен состанок, според косовскиот премиер, биле компензацијата на штетите од војната во 1998-99 година, регулирањето на катастарските документи, нормализацијата на економските и трговските односи и други прашања.

– Ги претставивме нашите државни ставови и подготвени сме да седнеме на секоја преговарачка маса за бранење на државноста на Косово и за барање за нормализација на односите, која може да настапи единствено по меѓусебното признавање на двете држави, порача Хоти.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати