Хоти: Попрво ќе се растури владата одошто косовското пријателство со САД

Од:

Косовскиот вицепремиер Авдулах Хоти побара од премиерот Албин Курти да свика седница на Владата на која ќе се одлучи за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, како што тоа го бара официјален Вашингтон, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоти, кој е потпретседател на Владата од редовите на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), како коалиционен партнер на Движењето Самоопределување (ВВ) на Курти, порача дека неговата партија нема да дозволи да се расипе пријателството со Соединетите Американски Држави.

– Постојаното пријателство со САД нема да се повреди. Ние го гарантираме тоа пријателство, порача Хоти во синоќешната објава на Фејсбук.

Во врска со таксата што во ноември 2018 година ја воведе претходната влада на Рамуш Харадинај, Хоти вели дека Косово „не може да остане заложник на една одлука која била неопходна, но сега нанесува штета“.

– Не е интерес на граѓаните на Косово да се расипе тоа пријателство (со САД), кое донесе мир на Балканот и слобода и независност за Албанците. Доколку се наштети на пријателството со САД, се наштетува на државноста на Косово, нешто што нема да дозволиме да се случи. Затоа, попрво ќе се растури Владата, одошто пријателството со САД, порача Курти.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов