Хоти му одговори на Вучиќ: Нема договор без взаемно признавање на Косово и Србија

Од:

Премиерот на Косово Авдулах Хоти денеска оцени дека изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека додека тој е претседател, Србија нема да го признае Косово, не придонесува за дијалогот и повтори дека конечен договор не може да се постигне без меѓусебно признавање.

„Изјавите дека тие нема да ја признаат независноста на Косово не придонесуваат за дијалог. Ако нема меѓусебно признавање, тогаш нема да има договор. Косово ќе продолжи по патот кон Европската унија”, напиша Хоти на Фејсбук.

Тој додаде дека „дијалогот продолжи врз основа на јасни принципи на конечни договори за нормализирање на односите и взаемно признавање и дека нема да има делумен договор“.

„Нема договор со Србија без взаемно признавање. Косово останува посветено на заклучување на сите отворени прашања преку дијалог во Брисел со посредство на ЕУ”, рече Хоти.

Би можело да ве интересира

Борел ги повика Вучиќ и Курти во Брисел на нова рунда преговори

Постигнат договор меѓу Косово и Србија за регистарските таблички

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Тензично на преминот Јариње, Рама утре на Косово

Борел: Ја следиме ситуацијата во северниот дел на Косово, провокациите се неприфатливи

Вучиќ разговараше со Столтенберг за ситуацијата во северниот дел на Косово

ВИДЕО: Српски воени авиони и хеликоптер на КФОР повторно ги надлетуваат премините на северот на Косово

Катерина Павлова-Николовска