Хоти: Ќе се искористат сите демократски средства за да се спречи поделбата на Косово

Од:

Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти не ги исклучува граѓанските протести против тоа што претседателот Хашим Тачи го најавува како „корекција на границата“, а зад што всушност се крие намерата за размена на територии со Србија.

– Идејата за размена на територии е опасна за Косово и за регионот и таа идеја ѝ одговара единствено на Србија. Како таква, таа нема поддршка од ниедна политичка сила во земјата. Никој нема мандат да разговара со Србија на таа тема и секој кој што ќе го стори тоа ќе мора да одговара, изјави Хоти за зери.инфо, порталот на приштинскиот весник „Зери“.

Запрашан дали неговата партија смета и на протести како опција за спротивставување на идејата на Тачи,шефгот на пратеничката група на најголемата опозициска партија во Косово рече дека „сите демократски форми на спротивставување ќе се употребат за да се оневозможи поделбата на Косово“.

Тој додаде дека опозицијата не се откажала ниту од резолуцијата со која на Тачи и секому друг ќе се забрани да преговара за косовската територија.

– Ќе побараме повторно да биде на дневен ред (во Собранието) за гласање. Жално е што Алијанста за иднината на Косово (ААК на премиерот Рамуш Харадинај) и Социајлдемократската иницијатива (Нисма на вицепремиерот Фатмир Лимај) не се осмелуваат да гласаат за резолуцијата и да застанат отворено против таа намера на Тачи. На тој начин тие две партии стануваат соучеснички во оваа мошне опасна идеја за иднината на Косово, изјави Хоти.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он