Хоти: Идејата на Тачи за границата ја попречува визната либерализација и новите признавања

Од:

Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) во косовското Собрание, Авдулах Хоти смета дека недостигот од нови признавања на независноста и неукинувањето на визите за косовските граѓани, се последица на „штетните идеи“ на претседателот Хашим Тачи за промена на границата со Србија.

Хоти на својата страница на Фњјсбук напиша дека „процесот на признавања е редуциран до тој степен, што демантирањето дека оваа или онаа држава го повлекла признавањето се смета за голем успех“.

Освен тоа, за одолговлекувањето со визната либерализација, според шефот на пратениците на најголемата опозициска партија во Косово, вината се префрла на Брисел.

– И покрај сите овие штетни ефекти, се продолжува со ненормалниот предлог за промена на границата, при што се претендира дека тоа се прави заради нормализирање на односите со Србија, напиша Хоти.

Тој порача дека ЛДК ќе продолжи со заложбите за спречување на таа штетна идеја.

– Ние ќе продолжиме без двоумење да работиме на спречувањето на оваа идеја, која го вади секој процес надвор од уставниот колосек и е на штета на нормалните односи со нашите сојузници. Ние имаме одговор како да го направиме тоа. Изборите се решение. Ние нема да застанеме, напротив, напиша Хоти.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он