Хоти и Рама на средбата во Тирана се договорија за три стратешки проекти

Од:

По покана на албанскиот премиер Еди Рама, денеска во официјална посета на Тирана престојува косовскиот премиер Авдулах Хоти, со кого по средбата одржаа задничка прес-конференција.

-Задоволство беше како и секогаш да го дочекаме во Тирана секој премиер на Косово а денес премиерот Хоти, иако заради вонредните околности како што знаете се сретнавме пред 48 часа во Приштина, рече Рама .

Премиерот на Албанија додаде дека заедно се договориле за одржување на владина седница „со надеж дека ситуацијата со Ковид-19 ќе го овозможи тоа да се случи во втората половина на септември“. Рама исто така рече дека тие се договориле за уште еден важен настан што ќе се случи во Тирана, кога двете влади заеднички ќе го спонзорираат првиот Конгрес на локалните власти.

-Сакаме ова да се претвори во традиционален Конгрес, каде градоначалниците на општините заедно со нивните тимови ќе можат да споделат добри искуства, заеднички предизвици во решавањето на проблемите, рече Рама.

Според Рама три збора денес се клучни за иднината на Косово и за иднината на стратешките амбиции на Албанците.

– Тоа се меѓународна праведна правда, неспорна институционална стабилност и дијалог за мир со конечно признавање, што ќе ни дадат можност порано или подоцна да бидеме горди со успешно надминување на тешката фаза, рече Рама.

Косовсккот премиер Хоти, рече дека заедно со владата на Албанија се договорле да реализираат три стратешки проекти.

-Би сакал да споменам три главни проекти од стратешка природа, првиот е пристаништето Драч каде јас лично работев со поранешниот министер за финансии да имаме заедничка царинска испостава, но сега да имаме наша, косовска царинска испостава.Во областа на енергетиката, имаме комплементарни енергетски системи, но потребно е да се грижиме да го решиме овој проблем со изградба на хидроцентрала на територијата на Албанија за снабдување на Косово со електрична енергија, рече Хоти.

Тој се задржа и на дијалогот со Србија,кој,како што рече е подржан од САД од ЕУ.

-Сум слушнал за тоа дека постои конкуренција помеѓу САД и ЕУ за овој процес. Нивната улогата и јас ја гледам како комплементарна во процесот на дијалог. Имаме дијалог девет години за нормализирање на трговските односи, за движење на граѓаните, за признавање на дипломите, катастарот и сега разговараме за меѓусебно признавање, што е прва точка на можен договор меѓу двете земји, рече Хоти.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви