Хоти без образложение го разреши првиот човек на косовското разузнавање

Од:

Косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска го разреши шефот на Косовската разузнавачка агенција, Крешник Гаши, јавуваат локалните медиуми.

Хоти за потегот објави и на својот фејсбук-профил, нагласувајќи дека тој побарал од Гаши да ја напушти клучната позиција, но ни тој, ни вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи, чија согласност е нужна за да се разреши првиот разузнавач, не понудија какво било образложение за одлуката.

Гаши, кој на функцијата шеф на Косовската разузнавачка агенција дојде пред речиси точно една година, беше поставен додека премиер на државата беше Рамуш Харадинај. Тој на позицијата дојде откако претходно беше член на управниот одбор на косовското регулаторно тело за електронски комуникации.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Косово е уапсен поранешен полицаец, еден од најголемите наркобосови во регионот

Поранешен портпарол на НАТО: Примете го Косово во НАТО, веднаш..

Три жени исчезнаа на Косово

Поранешниот советник на Пацоли призна дека тој го нарачал убиството на неговата сопруга

Горан Наумовски

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов

Фалсификуваните евра запленети на Косово биле печатени во Македонија

Катерина Ѓуровски