Хотелите во Истанбул загубиле 54 милиони евра поради протестите за паркот Гези

Од:

Немирите на плоштадот Таксим во Истанбул и протестните акции во паркот Гези нанеле големи загуби на туризмот, што според извештајот на Сојузот на хотелиери, менаџери и инвеститори во туризмот изнесуваат 54 милиони евра.

За две недели, додека траат протестите на Таксим, се откажани над 140.000 резервации, а во хотелите биле пополнети само 30 проценти од капацитетите.

Вкупниот број откажани ноќевања во Истанбул надминал 215 илјади, што претставува директна загуба од 54,7 милиони евра за 298-те хотели во градот.

Според пресметките секој странски турист во Истанбул остава минимум неколкустотини евра, без да се сметаат ноќевањата.

Хотелиерите не очекуваат враќање на планираниот профит и по нормализирање на ситуацијата и прекин на протестите. Бројот на резервации е значително намален и за јули и август.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски