Хорор во Србија: Масакрираше цело семејство, потоа се самоуби

Од:

44-годишниот човек кој беше осомничен дека денеска ги убил поранешната сопруга и нејзините родители и ранил уште три лица, се самоубил во близина на родното село кога го обиколила полицијата, јавуваат српските медиуми.

Енедин Т. во селото Расно кај Сjеница, по голема семејна расправија, пукал во поранешната сопруга Бисера Ш., нејзините татко и мајка, Фехим (64) и Шефка (60), а тешко го ранил братот на Бисера, Беким Ш.(40).

Тој е итно пренесен во болница во критична состојба, според медиумите.

Според полицијата, убиецот полесно ранил и двајца соседи, во кои пукал кога се обиделе да им помогнат на нападнатите.

Би можело да ве интересира

Трет приведен за убиството на лекарот во Железара

Катерина Ѓуровски

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Две тела се пронајдени во околината на Сомбор, истрагата е во тек

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“