ВИДЕО: Хорор во Бугарија – познат насилник си ја запалил сопругата додека спиела

Од:

52-годишниот Николај Петров од селото Три Кладенци кај бугарскиот град Плевен, ја полеал со бензин и ја запалил својата 45-годишна сопруга и мајка на две негови деца, Татјана Теменушкина, додека таа спиела во нивниот брачен кревет, пренесе бугарската телевизија „Нова“.

Повеќе од 90 отсто од површината на кожата на жената била зафатена од изгореници, а таа е во тешка состојба и животот и натаму ѝ е загрозен, велат од болницата во која таа е згрижена.

Вчеравечер околу 21 часот, сосед на семејството бил сведок на застрашувачката глетка. Тој ги слушнал ужасните врисоци на жената, а кога притрчал да помогне, ја видел Татјана како гори во дворот на семејната куќа и очајнички бара помош.

Според полицијата, ова не е првo извршено насилство на Петров врз сопругата – тој пред извесно време ја нападнал, насила ѝ ја исекол косата и се обидувал да ја задави.

Познато е исто така дека мажот повеќепати ги принудувал неговите деца да го напуштат својот дом и им се заканувал дека ќе ги убие.

Иако злосторникот побегнал во текот на ноќта, локалната полиција утрово го пронашла и привела, пишуваат бугарските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит