Хоџај: Поделба на Косово? Не, благодарам

Од:

Заменикот на косовскиот премиер Енвер Хоџај, коментирајќи ја изјавата на рускиот амбасадор во Белград, изјави дека поделба на Косово не доаѓа предвид.

Амбасадорот Александар Чепурин изјави дека Русија прифаќа поделба на Косово и Метохија ако тоа решение е најдобро за Србија.

Рускиот дипломат тоа го изјави коментирајќи ја изјавата на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ дека и Албанците би прифатиле поделба на Косово и оти и тоа е во нивен интерес.

„Приказната на амбасадорот за поделба е обид на увоз на руски пристап на поделби од Евроазија до Балканот. Границите на Блаканот се непроменливи и секоја идеја за поделба е извор на конфликт. Не, благодарам“, напиша Хоџај на Твитер.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски