Хоџај: Косово треба да се однесува конструктивно и да стане дел од Отворен Балкан

Од:

Потпретседателот на Собранието на Косово и поранешен шеф на дипломатијата, Енвер Хоџај, е со став дека Косово треба да стане дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и со тоа да ја зголеми соработката со земјите од регионот.

Тој во интервју за „Топ стори“ на телевизијата Топ чанел изјави вели дека Косово треба да учествува во регионални организации или иницијативи.

– Додека јас бев на позицијата министер за надворешни работи, следевме пристап, што му овозможува на Косово да биде дел од секоја организација, во секоја регионална иницијатива. Отворен Балкан не е организација, тоа е неформална група на држави, како Г-7 или Г-20. И според мене, на Косово би му било полесно доколку се однесува конструктивно, креативно и учествува во Отворен Балкан и бара поддршка од државите за да станеме дел од Советот на Европа, да станеме дел од партнерството за мир на НАТО. Не можете да кажете не на неформална иницијатива за соработка во регионот и да барате партнери од различни земји да ве поддржат, било во Стразбур или во Брисел, истакна Хоџај.

„Отворен Балкан“ е создаден на иницијатива на Еди Рама, премиер на Албанија, Александар Вучиќ, претседател на Србија и Зоран Заев, поранешниот премиер на Северна Македонија, кои го осмислија овој концепт со цел да создадат област на слободно движење на луѓе, стоки и услуги во Западен Балкан.

Косовскиот премиер Албин Курти одбива Косово да стане дел од иницијативата сè додека Србија не го признае Косово како независна држава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски