Хоџај: Белград има намера да го дестабилизира Балканот преку медиумите кои ги контролира

Од:

Заменик-претседателот на косовската Влада, Енвер Хоџај вели дека српските власти преку медиумите кои ги контролираат водат постојана пропаганда против Косово, а крајна цел им е да го дестабилизираат Западен Балкан.

Во врска со реакциите на официјален Белград за процесот на трансформација на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во вооружени сили, косовскиот вицепремиер, преку објава на Твитер, порача дека, „како идна членка на НАТО“, Косово „гарантира единствено мир и стабилност“.

– Србија и денес продолжува со нејзината агресивна пропаганда против Косово, преку медиумите кои таа ги контролира, со цел да предизвика паника. Овие закани се намерни дејствија со цел да се дестабилизира Западен Балкан. Како членка на НАТО во иднина и на патот на трансформацијата на ФСК во Војска, ќе гарантираме единствено мир и стабилност, напиша Хоџај.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари