Хирург од Русија е убиецот на сопругата и детето во Панчево

Од:

Руски државјанин (46), неговата сопруга (50) и деветгодишно дете беа пронајдени мртви во стан во Панчево, кога полицијата синоќа нешто по полноќ ја скршила вратата од станот и ги пронашла. Како што јавува Нова.рс од местото на настанот, се работи за лекари, а додека настрадала Олга Г.Б. работела како неонатолог во Русија, нејзиниот сопруг Ашов Г.В. бил хирург.

Мотивот за страшното злосторство не е познат, а се сомнева дека Ашов прво ги убил сопругата и детето, а потоа се обесил.

Српските медиуми јавуваат дека семејството пребегало од русија поради стравот од мобилизација. Се претпоставува дека човекот ја убил сопргата за остар предмет, а детето го задавил. Потоа се самоубил.

„Со нив живееше нејзиниот син од првиот брак (18), но беше депортиран пред неколку дена. Тој стан е нивен, го купија пред два месеци. Сите сме во шок“, сведочат соседите.

За целиот настан се огласи и од Вишото јавно обвинителство Панчево.

„Дежурната заменичка јавна обвинителка излезе на лице место за да изврши увид, нареди судско-медицинска обдукција на безживотните тела, анализа на телесни ткива за присуство на наркотични дроги, алкохол и лекови на база на седативи и други потребни докази. за утврдување на сите околности на настанот се собираат“, се наведува во соопштението.

Убиената сакала да се вработи во Србија.

„Немаше дозвола за работа во Србија, сакаше да се вработи овде. Неодамна истражуваше како да добие дозвола. Сакаа да започнат нов живот“, раскажува сосетка.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати