Хил: Србија ќе влезе во НАТО кога тоа ќе го сакаат нејзините граѓани

Од:

Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил изјави дека НАТО јасно ставил до знаење дека доколку сака Србија може да стане дел Алијансата, но нагласи дека тоа ќе се случи кога тоа ќе го посакаат нејзините граѓани.

dobivaj vesti na viber

„Ние имаме голема почит за Србија, нејзината армија и нејзиното раководство и би сакале да ја видиме Србија не само како пријател и партнер, туку и како сојузник“, рече Хил како одговор на едно од прашањата што до него ги поставуваа граѓани преку социјалните мрежи.

Зборувајќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина и опасноста од конфликт, Хил изрази уверување дека „има многу поголема можност за вистински напредок во дијалогот отколку за проблеми“.

„Очигледно е дека Белград и Приштина треба да направат повеќе во решавањето на спорните прашања. Имаат доста добри посредници од ЕУ, а и САД се многу активни. Едвај чекам да видам некаков напредок и мислам дека сите можеме да се заложиме за тоа и да се погрижиме сите да бидат на ниво на задачата и да гледаат напред“, додаде тој.

Коментирајќи го фактот дека Србија е единствената европска земја што не сака да воведе санкции кон Русија, Хил рече дека е очигледно дека Србија има поинаков однос кон санкциите кон Русија од САД и нејзините европски партнери.

„Но, мислам дека е важно да се концентрираме на работите за кои се согласуваме и да се обидеме заеднички да одиме напред“, додаде тој.

Запрашан зошто САД го поддржуваат интегритетот на Украина, но не и на Србија, Хил рече дека ситуацијата во Украина е сосема поинаква и тешко споредлива.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руско стампедо во Белград: Станови се купуваат во кеш, на пазарот му се заканува нов земјотрес

А1он

САД бараат објаснување од Србија за тоа што е потпишано со Русија, ЕУ сериозно загрижена

Катерина Павлова-Николовска

Рама: Ништо не го менува ставот на Албанија дека Србија треба да го признае Косово

Ана Ололовска

Селаковиќ: Србија не ги прифаќа резултатите од референдумите во украинските региони

Ана Ололовска

Осуден насилник во Србија: Давел и претепал корисничка на Дом за стари лица, па лажел дека паднала

А1он

Србија ќе “лови” лица со спорни објави на социјални мрежи упатени до припадници на ЛГБТ заедницата

А1он