Херои на четири нозе – кучињата трагачи спасуваат животи по земјотресот во Албанија

Од:

Нивните имиња се Танда, Гизмо, Ина, Дарма и Фархана. Доаѓаат од Хрватска и тренирани се да бидат кучиња – трагачи уште додека биле бебиња.

„Одиме на пат за Албанија – да го направиме она за што вежбавме со години и се надеваме дека никогаш повторно нема да се случи“, објави хрватското здружение за обука на кучиња – трагачи (ХУОПП) на нивната Фејсбук страна по стравотниот земјотрес во Драч.

Фотографијата од кучето спасувач како гледа низ прозорецот од хеликоптерот додека патува за Албанија се појави во многу странски медиуми и на социјалните мрежи – „чувајте се, спасете многу животи и вратете ни се назад безбедни“, беа само дел од коментарите под фотографијата која предизвика многу емоции.

ХУОПП има 15 активни тимови составени од водич и куче – трагач. Со оглед на тоа што ХУОПП е член на Меѓународната организација за кучиња трагачи, тимовите поминуваат низ многу обуки и испити за да добијат меѓународна лиценца и да одат на меѓународни мисии. Во тимот кој замина во Албанија има и 3 жени и 4 кучиња – женки.

„Нема разлика во полот кога сакате да помагате. Се што треба е професионалност и беспрекорна обука“, пишуваат од ХУОПП на нивната Фејсбук страна.

Многу кратко време по доаѓањето во Албанија, тимот на ХУОПП изјави дека има одлични резултати на теренот и дека кучињата работат во смени. Кучињата-трагачи пронашле повеќе луѓе под урнатините.

„Тешко е да се каже дали луѓето беа живи, бидејќи задача на кучињата е само да ги пронајдат, а потоа во акција стапуваат луѓето кои ги извлекуваат и спасуваат, а кучињата продолжуваат да бараат“, изјавил Томислав Маревич, раководител на Дирекцијата на Министерството за внатрешни работи за оперативна подготвеност за хрватскиот „24 сата“.

„Следува борбата со времето, бидејќи поминаа првите 24 часа а со тоа се намалуваат шансите за пронаоѓање на преживеаните“, додава Маревич.

Хрватските херои на четири нозе и нивните водичи остануваат на теренот во Албанија по стравотниот земјотрес пред два дена, по кои следеа и други, со помала јачина.

Куче – лабрадор специјализирано за потрага на лица затрупани под рушевини при земјотреси учествува во спасувачка мисија во Албанија, а беше испратен и од македонската Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак