ХДЗ одлучи кои министри си заминуваат од хрватската Влада

Од:

Од Владата на Хрватска си заминуваат министерката за регионален развој и фондови на Европската унија Габриела Жалац, министерот за земјоделство Томислав Толушиќ и министерката за социјална политика Нада Мурганиќ, соопшти ХДЗ после денешниот состанок.

Сменетите министри веќе го напуштиле седиштето на партијата, јавуваат хрватските медиуми.

Премиерот Андреј Пленковиќ во моментов има средба со претставници на коалициските партнери.

Хрватскиот министер за државен имот Горан Мариќ во понеделникот поднесе неотповиклива оставка и рече дека ниту еден ден на местото министер не го поминал во мирни услови.

– Работев во програмирани околности во кои станав цел. Ова е медиумска оркестрацијан, не сум во состојба да прифатам невиден удар врз достоинството, мирот и интегритетот на моето семејство, рече Мариќ.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски