Хашим Тачи: Србите да се вратат на Косово

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека интеграцијата на српската заедница на северот на Косово е една од главните задачи на косовските институции, пренесуваат медиумите од Косово.

Враќањето на раселените лица на нивните имоти, за Тачи е приоритет на Владата. Тој ги охрабрува да се вратат сите оние кои имаат желба да живеат на Косово.

За косовскиот премиер, жителите од северот на Косово може демократски да ги бираат своите политички претставници.

Северот е регион со ефикасна индустрија, непристрасна самоуправа и целосни механизми за заштита на човековите права, а граѓаните не треба да стравуваат за својата безбедност, истакнува Тачи.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски