Хашим Тачи: Нема размена на територии, ниту „Голема Албанија“

Од:

Нема да има размена на територии меѓу Косово и Србија, а нема да има ниту„Голема Албанија“, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи во интервју за виенскиот весник „Ди Пресе“, нагласувајќи дека спроведувањето на српско-косовскиот Договор од Брисел нема алтернатива.

Тачи вели дека средбите со неговиот српски колега Ивица Дачиќ биле во фокусирани на стабилноста, мирот и создавање добрососедство меѓу двете земји.

– Договорот постигнат за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија следува по стогодишен конфликт. Косово и Србија го оставија зад себе минатото и сега создадоа агенда која е во служба на иднината, не само на двете земји, туку и на целиот регион, изјавува Тачи во интервјуто.

Според него, Договорот е исто така во интерес на Србите кои живеат во северот на Косово, каде сосотјбата „сега почнала да се враќа во нормала“.

Зборувајќи натамуза договорот, Тачи вели дека „од страна на Србија се манифестира тенденција на забавување на процесот“, но потенцира дека имплементацијата на Договорот нема алтернатива, бидејќи во спротивно ни Косово, ни Србија ќе немаат европска иднина.

– Договорот од 19 април не е крај туку почеток на еден долг процес. На ред е решавање на други прашања, додека во октомври ќе биде се подготвено за слободни локални избори на северот, потенцира Тачи.

Осврнувајќи се на состојбата со Албанците во јужниот дел на Србија, Тачи оценува дека Косово работи на отворање на границите, а не нивно затворање.

Прашан за најавите од Тирана за создавање „Голема Албанија“, Тачи оценува дека албанскиот премиер Сали Бериша бил „погрешно разбран“, биејќи тој мислел на „создавање услови во регионот каде луѓето ќе може да живеат без ограничувања, но и каде ќе се почитуваат државните граници“.

– Само како држава, ние можеме да станеме дел од ЕУ, заклучува Тачи во интервјуто за „Ди Пресе“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска