Харадинај во Хаг се бранел со молчење, најави враќање во политиката

Од:

Премиерот на Косово во заминување Рамуш Харадинај го заврши интервјуто пред Судот за воени злосторства во Косово, каде што, како што рече, ги послушал правните совети и се бранел со молчење.

Во изјава за косовските медиуми по напуштањето на судот во Хаг, Харадинај рече дека по денешното интервју нема други обврски кон Судот и најави дека ќе се врати во Косово и дека е подготвен за новите парламентарни избори.

– Го прифатив правниот совет да не одговарам воопшто на прашањата. Со ова моите правни обврски кон Судот се завршија и други обврски немам. Ова е сето што можам го да кажам денеска. Нема некаков материјал, содржина за тоа за што станува збор и правниот совет беше да не навлегувам во дискусии. Не знам за што сум повикан, побарав објаснување, но не добив конкретен одговор. Заради мојата улога во Ослободителната војска на Косово, секако, но не за нешто конкретно, изјави Харадинај.

Тој, како што јави дописникот на МИА од Приштина, најави дека веднаш по враќањето во Косово ќе се вклучи во политичкиот живот.

– Се враќам, како и сите други во политиката, за да се доближам до граѓаните, со тие теми кои се во интерес на граѓаните. Подготвен сум за се. Било да не повика собранискиот спикер за распуштање на парламентот или претседателот на државата за одредување датум за избори. Развојот на настаните не е едноставен, бев принуден да дадам оставка, да одиме на избори. За среќа состојбата во Косово е стабилна, изјави Харадинај.

По добивањето на поканата од Специјалниот суд во Хаг, Харадинај поднесе оставка од премиерската функција, порачувајќи дека пред трибуналот сака да се појави како граѓанин, а не како премиер на Република Косово.

Би можело да ве интересира

Средба Цакај – Коњуфца: Границата меѓу Косово и Албанија треба да се укине

Ана Ололовска

Курти: Реципроцитетот кон Србија ќе го штити домашното производство

Ана Ололовска

Гренел: Лажна вест дека САД се за размена на територии меѓу Србија и Косово

Ана Ололовска

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии помеѓу Србија и Косово

Ана Ололовска

Полициска службеничка во Гњилане ги уби родителите и два брата, па се самоуби

Предраг Петровиќ

Пукотници во Гњилане, сомнежи за повеќекратно убиство

Ана Ололовска